Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, во емисијата „За или против“ што се емитува на ТВ Алфа, зборуваше за последниот случај со доделувањето на тендерот за реконструкција на салата „Борис Трајковски“.
„Како е можно фирма блиска до ДУИ, член на семејство на поранешен вицепремиер, да добие тендер од околу 2 милиони евра за реконструкција на салата за состаноци на ОБСЕ“, рече тој.
Тој рече дека за сите случаи ќе има кривична одговорност и дека Владата на СДСМ – ДУИ не може да зборува за ЕУ.
„Зборуваат за ЕУ и крадат секој ден, ова не е европска вредност“, рече тој.