Мисајловски: Работни групи работат на новиот Закон за пожарникари

Во најбрз можен рок до Владата ќе биде доставен нов закон за пожарникари, изјави за АИМ министерот за одбрана Владо Мисајловски.

„Министерството за одбрана во наредниот период ќе ги испита предлозите за кои во изминатите неколку години работни групи од понадлежни институции за оваа проблематика работеа на подготовка на новиот Закон за пожарникари и во најбрз можен рок најверојатно ќе излезе со предлог до Владата“, вели Мисајловски.

Инаку, дел од платите на пожарникарите се обезбедуваат преку грантови предвидени во буџетот на Министерството за одбрана. На државно ниво преку наменски грантови се финансираат 734 пожарникари.

Припадници на Армијата, како и воен хеликоптер учествуваат во гаснењето на пожарите низ државата. Прашан дали новите хеликоптери што ги испорачува италијанската компанија Леопард ќе се користат и за гаснење пожари, Мисајловски даде потврден одговор.

„Ве известуваме дека хеликоптерите ќе бидат опремени со готови инсталации за гаснење пожари“, изјави за МВР, министерот за одбрана Мисајловски.