“Мислев дека е стрес, а ми кажаа дека имам уште само 24 часа живот!“ – оваа жена ги игнорирала овие два симптоми и завршил во болница каде за чудо преживеала!
Жена по име Викторија Дансон (33 г.) мислела дека страда од хроничен стрес со месеци, а потоа ѝ било кажано дека има уште 24 часа живот. Долго време се чуствувала уморно и имала стомачни болки, а ги игнорирала бидејќи била премногу активна, поради што изгледало дека заморот е логичен одговор, а стресот се одразува на нејзиниот стомак.
Набрзо и бил дијагностициран синдром на нервозно дебело црево и Кронова болест, поточно воспалителна болест на дигестивниот тракт, што резултирала со сепса. Во болницата и рекле дека и остануваат уште само 24 часа живот, бидејќи опасната инфекција се проширила речиси низ целото тело.
„Немав време да разберам што се случува, се чувствував како да умирам. Се што знаев е дека сум во страшна агонија и дека ќе направам се за да се ослободам од болката што беше неподнослива“, рекла Викторија Дансон. Со оглед на тоа колку е лошо нејзиното здравје, докторите биле принудени да и отстранат дел од цревата.
Таа ја сподели својата приказна на социјалните мрежи за да ги предупреди луѓето да не случајно ги игнорираат симптомите бидејќи за малку ќе ја чинеле живот. „Да знаев дека заморот и болките во стомакот се знак на опасна инфекција, дефинитивно немаше да ги игнорирам толку долго. Апелирам до сите да не случајно ја прават мојата грешка“, нагласила таа.
Како што предупредуваат докторите, сепсата е всушност воспалителен одговор на нашето тело на присуството на опасните бактерии или нивните отрови во циркулацијата, а одредени видови на оваа состојба имаат стапка на смртност од над 50 проценти. Тешко е да се препознаат симптомите на сепса, особено на почетокот бидејќи може да се помешаат со знаците на некои други болести.
Најчестиот прв симптом на сепса е покачена температура, а понатамошниот развој на симптомите зависи од органот во кој се развила инфекцијата. Ширењето на воспалението доведува до забрзан пулс, тешкотии при дишењето, зголемено потење, вртоглавица, болки во мускулите, општа слабост и гадење проследено со дијареа или повраќање.