“Доживеав и преживеав мозочен удар на само 34 години!“ – малд човек открива кој симптом не треба никогаш да го игнорираме – внимавајте!

Алек МекКоун од Чикаго имал само 34 години кога доживеал мозочен удар. Тој го игнорирал симптомот што на почетокот го доживувал и по грешка го поврзувал со дехидрација и замор. Иако тој ден се разбудил многу уморен, сепак отишол во теретана. По неколку минути вежбање, почувствувал голема вртоглавица и изгубил рамнотежа.

Вработените во теретана ми дадоа сок за да се вразумам бидејќи мислеа дека имам вртоглавица поради дехидрација и стрес. Сепак, не се чувствував подобро, па на крајот се јавија во Итна помош“, открил Алек МекКоун кој во болницата дознал дека всушност доживеал мозочен удар. Тоа било шок за него, бидејќи како што објаснува во објава на социјалните мрежи, отсекогаш водел здрав начин на живот.

Навистина ме изненади бидејќи сум млад, секогаш сум живеел активно, вежбав и се хранев здраво. Мило ми е што вработените се јавија во итната помош бидејќи веројатно ќе си одев дома“, додал Алек МекКоун, кој благодарение на брзата реакција на луѓето во близина, можел целосно да се опорави и не претрпел долгорочна штета.

Сепак, докторите го предупредиле дека ситуацијата можела фатално да заврши доколку игнорирал, како што велат, еден од првите симптоми на мозочен удар. Други симптоми кои може да укажуваат на тоа дека некое лице претрпело мозочен удар вклучуваат:

– ненадејна вкочанетост, слабост или вкочанетост на раката, ногата или лицето, особено ако е зафатена само едната страна од телото.
– ненадејни говорни нарушувања.
– ненадејни нарушувања на видот, т.е. ненадејно заматување или губење на видот.
– ненадејни нарушувања во одењето.
– ненадејна силна главоболка која може да биде придружена со гадење или повраќање.