Мистеријата која долго време ги мачи научниците е решена! Еве зошто китовите убијци напаѓаат помали бродови

Во последните неколку години, китовите убијци често удираа во помали едрилици и рибарски чамци. Научниците конечно открија зошто го прават тоа.

Морските биолози открија дека агресивното однесување на китовите убијци предизвикува – досада. 

Китовите се многу интелигентни животни и напаѓаат мали едрилици и чамци само за да се забавуваат, заклучија научниците.  

 Биолози, владини претставници и други научници во неодамнешниот извештај рекоа дека кормилата на чамците и бродовите станале главна играчка за китовите убијци на отворени води.

Истражувачите веруваат дека ненадејниот тренд на напади со чамци започна околу 2019 година, откако главниот извор на храна за китовите убијци, сината туна, стана подостапна.

Сината туна стана поприсутна во океаните поради зголемените напори за зачувување и воведувањето забрани за риболов.

Ова значело дека китовите поминуваат помалку време во лов.

Иако не е официјално потврдена причината зошто започнале нападите на китови на чамци и едрилици, морските биолози веруваат дека тие започнале кога кит-тинејџер си играл со кормилото, преправајќи се дека е важен пред другите китови.

 – Можеби тој кит го допрел кормилото и почувствувал дека е забавно да се игра со него – изјави Алекс Зербини, претседател на научниот комитет при Меѓународната комисија за ловење китови.

 –  Откако овој кит си поигра со кормилото на едрилицата, таквото однесување почна да се шири меѓу групата китови се додека не стана многу раширено – додаде тој.

Патем, неодамнешните напади на чамци  беа поттикнати од група од 15 претежно млади китови, на возраст меѓу пет и 18 години. Тие полека се приближуваа до чамците за да наводно нежно туркаат.

Китовите убијци се познати по тоа што се исклучително пријателски настроени животни, пишува Дејли мејл.