МИСТЕРИЈА – Трагичната судбина на светскиот шампион: Еден од најдобрите скијачи почина во сон – причината е застрашувачка
Тој беше еден од најдобрите на светот, а умре во сон и никој не можеше да му помогне.
Талентираниот руски спортист и светски шампион во скијање во слободен стил, Павел Кротов (30 г.) почина во сон! Првите информации од Русија укажуваа дека неговата смрт е мистерија и дека причината за неговата смрт не е позната, но селекторот Александар Понгилски откри дека тимот добил известување од докторот за крварење во мозокот кое го усмртило големиот шампион за време на неговиот сон.
„Со голема тага ФИС дозна дека светскиот шампион во скијање во слободен стил на ФИС од 2021 година, Павел Кротов почина минатата сабота, како што објави Руската федерација. Многу луѓе го паметат Павел како љубезен, допадлив и храбра личност. Изразуваме длабоко и искрено сочувство до семејството, роднините и колегите на Павел Кротов“, се вели во соопштението.
Како причина за смртта на спортистот се наведува крварењето во мозокот кое настанало поради пукање на капилари. Рускиот скијач беше член на тимот што го освои златниот медал на Светското првенство во Алмати во 2021 година, а го освои и бронзениот медал во индивидуалната дисциплина. Во 46 трки од Светскиот куп, Кротов освои шест подиуми и две победи. Учествуваше и на Зимските олимписки игри во Сочи и Пјонгчанг.