Митов од ГЕРБ за изјавата на Николоски: За таква навреда од функционер во европска држава моментално следува оставка
„Важно е да се види каква ќе биде реакцијата на премиерот на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски. За вакви навредливи квалификации во една европска држава веднаш ‘паѓа главата’ на министерот. Моментално и на лице место летаат оставки“, рече поранешниот бугарски министер за надворешни работи Даниел Митов.
Ова е уште една провокација од властите во Република Северна Македонија насочена кон уништување на добрососедските односи и на она што досега е постигнато. Ова е денешниот коментар од поранешниот бугарски министер за надворешни работи и пратеник од партијата ГЕРБ, Даниел Митов, за изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски упатена кон бугарските власти во врска со непоставувањето на македонското знаме на средбата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со бугарскиот претседател Румен Радев. ГЕРБ на Бојко Борисов е најголема политичка партија во Бугарија.