– Митрополитите Тимотеј и Наум во Фанар за пречекот на Кипарскиот архиепископ Митрополитите Дебарско-кичевски Тимотеј и Струмички Наум, вчера во Фанар присуствувале на приемот на новиот Кипарски aрхиепископ Георгиј кај вселенскиот патријарх Вартоломеј.
Како што е објавено на веб страницата на Бигорскиот манастир, за време на приемот биле разменети пригодни слова од страна на владиците Тимотеј и Наум.
Во соопштението на официјалниот портал на Вселенската Патријаршија, се наведува дека „Архиепископот на Нова Јустинијана и цел Кипар г. Георгиј, ја оствари својата прва мирна посета по изборот и востоличувањето, започнувајќи, како што налага преданието, од првопрестолната помеѓу Патријаршите – Великата Христова Црква во Константинопол“.
Во чест на архиепископот Георгиј, кој бил придружуван од архиереи на Кипарската црква, била отслужена Доксологија во Патријаршискиот храм „Св. Георгиј Победоносец“.