Михаилоски од трибината Повеќе за сите: Со новите мерки финансиска поддршка за ученик и до 10.800 денари

Повеќе за сите е поголемата поддршка за зголемување на ученичкиот стандард од ранливи семејства, грижата за нив и за нивната социјална сигурност, рече претседателот на СДММ, Марко Михаилоски на вечерашната трибина Повеќе за сите во Штип.

-За ученици од средно, обезбедивме финансиска поддршка и до 10.800 денари по ученик за период од 5 месеци. Учениците од основното образование добиваат 7.200 денари до крајот на учебната година, рече Михаилоски.

Нашите социјалдемократски вредности се пресликани и во нашите политики и мерки. Социјално ранливите граѓани ги поддржуваме со дополнителна финансиска поддршка.

-До 10.000 денари за период од 5 месеци добиваат и корисниците на надомест заради попреченост, самохраните родители, приматели на Гарантиран минимален приход, деца со попреченост до 26 години. За оваа финансиска поддршка нема потреба граѓаните да аплицираат, ќе ја добијат директно на сметките, рече претседателот на СДММ, Марко Михаилоски на трибината Повеќе за сите во Штип.

За младите македонски генерации исклучително е важна европската перспектива и ние ќе направиме се да продолжиме по европскиот пат, заради подобра иднина пред се на младите, додаде Михаилоски.