Мицкоски: Божиќ ни дава нова сила да работиме заедно и да правиме големи дела за доброто на сите граѓани
Премиерот Христијан Мицкоски испрати честитка за православниот Божиќ во која посака овој празник да го поминеме во душевен мир, со радост во срцето, во кругот на семејството и најблиските.
„Во мое лично име и во име на Владата упатувам најискрени честитки по повод големиот христијански празник – Божиќ.
Во време кога предизвиците се многу, оваа празнична атмосфера не поттикнува да размислуваме за заедништво, како најсилна основа за градење подобра иднина.
Божиќ нека биде потсетник дека со верба, работа и меѓусебно разбирање можеме да создадеме општество исполнето со мир, правда и напредок“, пишува Мицкоски.
Нека Божиќ, додава премиерот, ни даде нова сила да работиме заедно и да создаваме големи дела за доброто на сите граѓани, негувајќи ја традицијата и духовноста како темели на нашето општество.