Премиерот Христијан Мицкоски по отворањето на македонската вечер во рамки на „Отворено балканско лето“ во Белград, во одговор на новинарско прашање рече дека „овие 250 илјади литри нафта што Владата ги дава на JCП ќе бидат доволни за 10 дена, 2 недели или 3 недели, но тоа нема да го реши проблемот со јавниот превоз засекогаш“.
„Овие количини, овие 250.000 литри, веќе се доставени во магацините на JCП. Состојбата е нормализирана и се работи за позајмени суми, откако вчера челниците на JCП до Бирото за јавни набавки доставија барање за спроведување итна постапка за набавка на нафта со преговарање. Бирото за јавни набавки одговори позитивно. Овие 250.000 литри ќе бидат доволни за 10 дена, 2 недели, 3 недели, но нема да го решат проблемот засекогаш“, рече Мицкоски.
Инаку, јавниот превоз во Скопје веќе неколку месеци е хаотичен, дури вчера група граѓани протестираа поради тоа.