Резултатите од првиот круг на локалните избори јасно покажуваат дека граѓаните ги избрале ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата како своја опција, изјави лидерот на оваа партија, Христијан Мицкоски.
Според него, партијата веќе обезбедила победа во 33 општини, додека во 26 е во водство или блиску до победа.
„Очекувам дека на крајот од овие избори, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе имаат 59 градоначалници“, рече тој, додавајќи дека во 58 општини коалицијата победила и на советничките листи, обезбедувајќи мнозинство во советите.
Мицкоски ги повика граѓаните да излезат во голем број во вториот круг, нагласувајќи дека нема да дозволат да се вратат оние што ја ограбија Македонија седум години, обвинувајќи го СДСМ.