Мицкоски: Во ОАЕ ги презентиравме можностите за инвестирање во Македонија

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, потенцира дека за време на престојот во Обединетите Арапски Емирати ги претставил можностите за инвестирање во нашата земја.

„Кога би требало да ја оценам оваа наша посета, би ја оценил со највисока оценка, и во економска и во политичка смисла, бидејќи по долго време, не знам од кои причини, на прекин и пауза во односите што ги имаме со Обединетите Арапски Емирати, ја враќаме таквата блиска, директна соработка“, рече премиерот Христијан Мицкоски при неодамнешната посета на Обединетите Арапски Емирати.

Тие разговараа за проекти од областа на транспортот, главно за Коридорите 8 и Коридорот 10 и делот од Коридорот 10, 10-д, проекти во туризмот, градежништвото и инвестициите во земјоделството и енергетиката.

Тој го истакна и Меморандумот за подлабока економска соработка што го потпиша министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

„Сè што разговаравме е навистина нешто што ќе претставува голем исчекор за економијата на земјата“, тврди Мицкоски.