Мицкоски во САД, ќе учество на инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп

Премиерот на државата Христијан Мицкоски од денеска ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави и ќе учествува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Вашингтон.

Како што соопшти владината прес-служба, на инаугурацијата премиерот ќе биде придружуван од министерот за надворешни работи и надворешна политика Тимчо Муцунски, вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и заменик министерот за европски Работи, Викторија Трајков.

Делегацијата предводена од премиерот Мицкоски ќе учествува и на свеченоста насловена „Гласови на слободата“ што ќе се одржи по инаугурацијата во организација на компаниите „Трамп медиа“ и „Румпл“.

„Очекувањата се дека Мицкоски за време на престојот ќе има повеќе билатерални средби, контакти и средби со повеќе луѓе од новата администрација на американскиот претседател. Мицкоски ќе се сретне и со стопанственици од македонско потекло на кои ќе разговара за економската соработка и можните локални инвестиции, се вели во владиното соопштение.

Ова ќе биде втора инаугурација на Доналд Трамп, кој ќе биде 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави. На инаугурацијата во Капитол се очекува да присуствуваат многу претседатели и премиери, како и шефови на светски организации. Првиот претседателски мандат на Трамп беше од 20 јануари 2017 година до 20 јануари 2021 година.