Мицкоски: Груби заедно со бизнисмен со дипломатски автомобил заминале од Македонија на Косово

Премиерот на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, во Клик Плус на ТВ21 изјави дека според информациите што ги има поранешниот вицепремиер Артан Груби заедно со бизнисмен вчера со автомобил со дипломатски регистарски таблички тргнале од Северна Македонија во правец кон Косово.

„Мојата најнова информација е дека веќе подолг период поранешниот прв човек на Македонска лотарија не е пронајден на територијата на нашата држава. Но, поранешниот вицепремиер заедно со уште еден бизнисмен со автомобил со дипломатски регистерски таблички ја напуштиле Македонија и за последен пат се упатиле во правец на северниот сосед Косово. Ова е последната информација со која располагам“, нагласи Мицкоски.

Поранешниот вицепремиер на РСМ Артан Груби преку социјалните мрежи објави дека отпатувал во странство од приватни причини. Обвинителството денеска соопшти дека отворило истрага за злоупотреба на „Државна лотарија“, со која се поврзува и името на Груби.

Пред неколку дена беше ставен на „црната листа“ на САД, бидејќи е осомничен за висока корупција, во судски спор за поранешниот директор на УБК во Северна Македонија, Сашо Мијалков.