Мицкоски: Да се обединиме зад коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

 Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Пештани каде имаше средба со локалното население, истакна дека попусти се гимнастиките на власта по однос измените на Кривичниот законик, дека одговорност ќе сноси секој за она што го има направено.

Мицкоски во рамки на првиот ден од партиската кампања „Важно е! Од тебе зависат промените“ истакна дека економијата во земјата е на колена, земјоделците мака мачат, учениците немаат учебници, пензионерите протестираат, а власта заработува на мака на народот и мисли дека ќе се спаси од одговорност.

– Овие од власта една мала група заработува на име на смртта, кога зборувам на тоа мислам на оној последен скандал кој се случи на клиниката за Онкологија. Поминаа месеци и гледате дека нема ниту истрага ниту одговорност за тоа што се случува, потенцираше Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека е важно обединување и застанување зад ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ја предводи.

-Зборувам за сите протестни гласови кои не се случуваат со денешната реалност. Да не дозволиме преку игри, егзибиции и политички гимнастики политички маргиналци да не разделат. На тој начин добивка ќе имаат само овие политички измамници и криминалци во владата и тоа е нивната цел Имаат цел да создадат прокси опозиционери кои ќе кажуваат тоа што сакаат да слушнете. Единствената опција која знае како е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, рече Мицкоски.

Тој посочи дека затоа не е сеедно дали победата ќе биде со 53, 55 или 61 пратеник.

-Тоа е важно затоа што колку е победата поубедлива, толку повеќе ќе имаме можност за реализација на проекти. Поддршката што ќе ја добијат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата јас и ВМРО-ДПМНЕ ќе ви вратиме со храбра, чесна и достоинствена работа, рече опозицискиот лидер.