„Во овој парламентарен состав промена на Устав нема да има“, дециден е одговорот на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање во Штип, дали ВМРО ДПМНЕ е за бришење на 20 проценти на Албанците во Уставот, а кој е предлог на албанскиот политички блок.
Прашан за коментар за тезите на СДСМ и ДУИ дека уставните измени би можеле да се направат по примерот на Хрватска каде во Уставот има широко набројување на етничките заедници кажа дека ако тоа е формулата за успех таква уставна измена ВМРО-ДПМНЕ одма ќе прифати.
„Еве јас сум подготвен, ако тоа е формулата за успех, уште утре да ја почнеме процедурата да биде Македонија држава на еден народ и на малцинствата во нејзе. Еве ако сакаат уште утре да ја отвориме Преамбулата на македонскиот Устав и да го направиме тоа според Хрватскиот терк, но само да не се каат, па да не речат некои други етнички заедници, а не било така како што ни кажуваат. Ако сакаат според Преамбулата на хравтскиот Устав веднаш да, не знам дали ја прочитале, ја виделе или така на памет си кажуваат, но еве ние како ВМРО-ДПМНЕ одма прифаќаме. Таква уставна измена одма прифаќаме“, вели Мицкоски.
Што се однесува за предлогот на министерот за правда за зголемување на бројот на изборните единици, од шест на осум, Мицкоски со коментар дека ова е уште еден циркус.
„Не знам дали овие луѓе се обидуваат кој од кој да бидат поголем комедијант или да бидат сериозни. Затоа што во неговата коалиција во Владата има политички партии, коишто излегоа на избори и бараат една изборна единица, дајте нека седнат во Владата, нека седнат и се договорот, што е заедничкиот став за да можеме да го коментираме, една ли, шест ли, осум ли, 18 ли. Навистина ги збунуваат граѓаните, навистина се несериозни. Јас знам дека се они обединети во криминалот, ама барем еднаш нека бидат во интерес на граѓаните“, вели Мицкоски.