Мицкоски: Енергетиката е високо ставена на државната агенда, не како техничко прашање, туку како државна стратегија
Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, ја стави енергетиката високо на државната агенда, не како техничко прашање, туку како национален приоритет и државна стратегија.
„Горд сум што Македонија денес е во центарот на глобалната дебата за иднината на енергетиката, а уште погорд сум што светот нè гледа не како мала земја, туку како сериозен партнер, активно обликувајќи ја агендата за одржлив развој.
Фактот дека оваа глобална дискусија се одвива денес тука во Скопје покажува дека регионалната енергетска иднина може – и треба – да се гради токму тука, во нашата земја.
Ова е нашата шанса да покажеме дека земја со мала површина може да има големо влијание – кога има јасна визија, решителност и лидерство.
Сакам да ја истакнам улогата и визијата на министерот за енергетика, кој е решен да ги помести работите напред за кратко време, да ги забрза процесите и да не дозволи Македонија да заостане во трката со времето.
Како некој што доаѓа од енергетскиот сектор, многу добро знам колку е важно чувството на постојано движење, промена и одговорност.
„Затоа енергетиката е поставена високо на државната агенда – не како техничко прашање, туку како национален приоритет и државна стратегија“, рече Мицкоски.
Тој рече дека енергетската транзиција изгледа недостижна, скапа, бавна. Но, ние ја правиме возможна.
Мицкоски додаде дека глобалните турбуленции нè потсетуваат дека енергетската независност е услов за економска слобода.