Мицкоски за изборот на новиот претседател на Судскиот совет: Да видиме како ќе функционира

Да видиме како ќе работи новиот претседател на Судскиот совет, рече премиерот Христијан Мицкоски во кусата изјава одговарајќи на новинарско прашање за изборот на Александар Камбовски.

„Немам коментар. Многу често некако коментираме, па многу често експертите ги коментираат нашите коментари. Немам што да кажам или додадам на она што се случува. Да видиме како ќе работи новиот претседател на Судскиот совет“, рече Мицкоски при пуштањето во употреба на спортската сала „25 Мај“ во општина Радовиш.

Судскиот совет денеска со 13 гласа за свој претседавач го избра Александар Камбовски, кој доаѓа од битолската Апелација, додека член на Советот беше избран во јуни минатата година