Мицкоски на средба со Гир: Владата ќе ја продолжи соработката со ЕУ во духот на партнерството и заедничките вредности
Новиот премиер на Република Mакедонија, Христијан Мицкоски, на средба го прими амбасадорот на Европската унија во Македонија, Дејвид Гир.
Како што соопштија од Владата, на средбата биле разменети мислења и ставови за актуелни политички и економски прашања, како и за напредокот на државата кон интеграција во Европската Унија.
„Претседателот Мицкоски ја истакна важноста на поддршката од Европската Унија за реформските процеси и стабилноста на земјата, нагласувајќи дека Владата ќе продолжи да работи заедно со ЕУ во духот на партнерството и заедничките вредности.
„Амбасадорот Гир ја потврди посветеноста на Европската унија за продолжување на одличната соработка со Македонија и изрази подготвеност да ги поддржи клучните реформи и проекти кои се предвидени во наредниот период.
„Средбата заврши со договор за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката на различни полиња од заеднички интерес“, се наведува во соопштението.