Мицкоски: Очекувам поддршка за Африм Гаши да биде претседател на Собранието

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потврдува дека Африм Гаши ќе биде предложен за претседавач со Собранието на Република Северна Македонија.

„Очекувам од сите нас кои потпишавме поддршка за Африм Гаши да биде претседател на Собранието“, рече Мицкоски.

Денеска се очекува конституирањето на новиот парламентарен состав во кој ќе се избира и новиот претседател на Собранието.