Мицкоски: Платите мора да се зголемат, но и да нема инфлација

Премиерот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски, во врска со обвинувањата на СДСМ дека Владата на Мицкоски не го исполнила предизборното ветување за зголемување на платите, рече дека платите треба да се зголемат и да имаат вредност.

Платите мора да растат и да имаат вредност, а ние ќе направиме се за да пораснат платите, но и да имаат вредност, за да нема инфлација“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека СДСМ манипулира и ги навредува граѓаните, а Владата работи според изборната програма бидејќи оваа програма добила близу 450.000 гласови.

„Нека продолжат со лаги. Сега имаат помалку можности за кражби бидејќи тие што краделе наскоро ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Нека продолжат со лаги, ние ќе продолжиме со работа. Ова е нашата цел“, рече Мицкоски