Премиерот Христијан Мицкоски реагира дека не се точни обвинувањата на опозицијата дека владината коалиција имала некаков договор за бегството на бараниот косовец Блерим Рамадани.
Мицкоски ја стави судијата одговорна за овој случај.
„Судијата што одреди куќен притвор е истиот судија што го водеше случајот со тепачите во МНАВ. Таму не присуствуваше ниту еден признат функционер од ВЛЕН, ВМРО-ДПМНЕ или ЗНАМ. Таму лично учествуваше претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир. Истиот судија ги ослободи, истиот тој што одреди куќен притвор. Тој е омилен судија на поранешната власт“, изјави Мицкоски за „Алфа“.
Тој додаде дека овој судија бил избран, избран и потоа унапреден во времето на владеењето на СДСМ и ДУИ.
Тој побара Судскиот совет и главниот обвинител на државата да го истражат овој случај.