Мицкоски: Прометот од патарините е зголемен, затекнавме држава во хаос, се бориме да направиме ред и доследност

Премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави дека прометот на патарините оваа година е зголемен споредбено со минатата. Тој посочи дека разликата е што овие пари не завршувале во касата на државата и затоа сега од овие шари ќе се градат градинки, училишта, патишта.

„Нормализирањето на состојбите во државата значи домаќинско работење, базирано на чесност и принципи. Затекнавме држава во хаос, се бориме да направиме ред и доследност.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски ме извести дека на наплатните рампи во Јули 2024 година има промет од 470.194.563 денари што е повеќе за цели 16.071.251денари, споредено со истиот период лани.

Овие пари постоеле и минатата година, само разликата е што не завршувале во касата на државата, каде сега од тие пари градиме градинки, училишта, патишта. Инвестираме во болници, нови работни места напиша“, Мицкоски.