Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, на свечената седница по повод 24-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, рече дека овој пакт, и покрај сè, донесе мир и го зачува унитарниот карактер на државата.
Мицкоски рече дека 24 години подоцна, мора да го продолжиме патот на мирот, бидејќи како што нагласи, заедно сме посилни.
„Охридскиот рамковен договор 24 години подоцна донесе мир. Донесе стабилност и обезбеди зачувување на унитарна Македонија. Рамковниот договор не е само парче хартија, туку е симбол на зрелост, храброст и мудрост. Тој е потсетник дека без разлика колку сме различни по јазик, религија и култура или етничка припадност, сите делиме заедничка историја и заедничка иднина. Тој е доказ дека Македонија може да биде дом за сите граѓани и дека различностите се наша предност. 24 години подоцна, да им покажеме на сите, дома и во странство, дека остануваме верни на патот на мирот и заедницата, дека сме научиле од минатото и дека сме подготвени да се погледнеме во очи и да кажеме дека заедно сме посилни. Да живее нашата заедничка татковина“, рече Мицкоски.
Премиерот исто така рече дека историјата нè учи дека татковината не се брани со оружје, туку се брани со вера.
„Историјата нè учи дека татковината не се брани со оружје, туку се брани со вера, со почит, со визија. А визијата што ја имам за Македонија е јасна, земја каде што граѓаните се слободни, институциите се праведни, а разликите се почитуваат и слават“, вели, меѓу другото, Мицкоски.