Мицкоски: Секогаш сум подготвен да зборувам за секоја идеја за национално помирување

Премиерот Христијан Мицкоски потенцира дека е подготвен во секое време да разговара со секој политички чинител кој има каква било идеја што води кон национално помирување за стратешките интереси на државата.

Мицкоски нагласува дека е добро што идејата за заедничка стратегија, на која самиот се повика, а потоа и коалициониот партнер „ЗНАМ“ преку предложената Платформа, но и лидерот на опозицијата, Венко Филипче, предлага интерпартиска стратегија.

Во новогодишното интервју за МИА, тој досега не комуницирал конкретно со Филипче на оваа тема, но, како што покажа, имаат чести средби и разменуваат идеи, како и со други политичари во Собранието додека се одржуваат пратенички прашања.

„Потсетувам дека во мојот говор на 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна внатрешна организација повикав на ваков тип на сојуз кој ќе кулминира со заедничка соработка на политичките актери и Академијата на науките и уметностите на Македонија за создавање на стратегија долгорочна за неколку децении пред нас за да знаеме што треба да правиме и каде треба да целиме како земја. Добро е што ова е сè поприсутно мислење во јавноста, добро е што има основа, има свој корен и добро е што има такви дебати во кои ќе имаме национално единство и го поздравувам. Секако, секогаш сум подготвен да разговарам со секој што има некакви идеи или предлози што подразбираат национално помирување, за да ги немаме тие дневно-политички ad hominem разлики“, нагласи Мицкоски.