Мицкоски се сретна со Гренел: Се бориме за секој интерес на Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски за време на посетата на САД оствари повеќе средби со различни личности.

Премиерот се сретна и со Ричард Гренел, специјалниот пратеник за специјални мисии кој ќе служи во администрацијата на Трамп.

„Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и за остварувањето на нашиот стратешки интерес во однос на членството во ЕУ“, пишува Мицкоски.

Тој додава дека ја нагласил и потребата САД и нивните сојузници повеќе да се ангажираат во оваа насока како и да го искористат потенцијалот во економскиот план.