Мицкоски се сретна со Ердоган: Потпишана заедничка политичка декларација за продлабочување на соработката меѓу двете влади

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска во Истанбул се сретна со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Мицкоски преку својот Фејсбук профил пишува дека средбата е за продлабочување на соработката меѓу двете земји.

„Денеска се сретнав со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, каде што ја потврдивме нашата заедничка определба за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Во таа насока, ќе биде потпишана Заедничка политичка декларација за формирање на Совет за соработка на високо ниво меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција.

„Овој Совет ќе претставува важен механизам за продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заемен интерес на билатерално, регионално и глобално ниво“, пишува Мицкоски.

Мицскоки вели дека е убеден дека оваа иницијатива ќе придонесе за нови можности и уште посилни врски меѓу нашите народи.