Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денес се сретна со кралот Чарлс III.
На својот Фејсбук профил, Мицкоски пишува дека средбата била искрена и суштинска, и дека било разговарано за пријателството меѓу Македонија и Обединетото Кралство.
„За време на мојот престој во Лондон, се сретнав со Неговото Кралско Височество, кралот Чарлс III.
Средбата беше искрена и смислена. Разговаравме за пријателството меѓу Македонија и Обединетото Кралство, стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои Кралот им посветува големо внимание со години.
Оваа средба е признание и почит, но и охрабрување да се продолжи по патот на споделени вредности, доверба и партнерство.
„Како дел од Берлинскиот процес организиран од премиерот Кир Стармер, имав неколку средби насочени кон стратешка економска и инфраструктурна соработка со Обединетото Кралство“, напиша Мицкоски.