Мицкоски: Целта на раководството во Софија не се Бугарите во Уставот, тие сакаат да покажат мускули

Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше неистакнувањето на знамето на Македонија при посетата на претседателката Гордана Силјановска-Давкова на Софија, на средбата со неговиот бугарски колега Румен Радев.

Мицкоски рече дека со ова Бугарија ги покажала своите вистински намери, пренесува Телеграф Македонија.

„Во минатото кога се понижуваше македонското достоинство немаше никаква реакција. Сега вака се решаваат работите, дипломатски, се праќаат протестни ноти и нема да имаме дипломатска политика со закривен столб. Кога ќе се помине црвената линија, треба да се реагира“.

„Она што е најважно за мене, Европа и светот можат да видат кои се вистинските намери на раководството на Софија. Не се за Бугарите во Уставот. Таму потребата за покажување мускули е многу поголема. Секогаш сме подготвени љубезно да одговориме на добрососедските односи, но тогаш кога ќе се преминат црвените линии мора да интервенираме, како што е сега кога на амбасадорот на нашиот источен сосед ќе му биде врачена протестна нота“, рече Мицкоски.

Инаку, вчера на средба на претседателката Гордана Силјановска-Давкова со бугарскиот колега Румен Радев не беше поставено знамето на Македонија, што предизвика реакција кај Македонците