Мицкоски: Ќе има линеарно зголемување на пензиите

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата денес ќе разгледа предлог-закон за линеарно зголемување на пензиите, кој потоа ќе биде испратен во Собранието.

„Очекуваме линеарно зголемување на пензиите, тоа е она што пензионерите го бараат од Владата – процентот што треба да се зголеми да се распредели линеарно на сите корисници на пензија“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека очекува Собранието да го одобри законот пред распишувањето на локалните избори.

„Денес, на седница на Владата, предложеното законско решение треба да биде усвоено и веднаш потоа испратено во Парламентот. Очекувам Парламентот позитивно да го одобри пред распишувањето на локалните избори“, рече премиерот Мицкоски.