Мицотакис: Договорот од Преспа мора да го почитуваат нашите соседи бидејќи ги сакаме блиску до Европа
Грција очигледно има оружје и не зборувам за оружјето што произлегува од самиот Договор, туку најголемото оружје што го има е тоа што е „надзорник“ на европскиот курс на Скопје. А, факт е дека не може да има приближување со Европа, ниту еден чекор, доколку не се реши прашањето со јасна изјава на раководството на соседната земја дека тоа е името на државата и важи за сите. Односно да се повтори очигледното, тоа што го потпишале. Не бараме ништо поинаку, изјави за „Скај“ грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
Мицотакис нагласи дека во конкретното прашање „Грција не е сама и има поддршка од цела Европа“, а грчката позиција „е апсолутно разбирлива“.
Тој нагласи дека Македонија влезе во НАТО, бидејќи проблемот со името е решен преку Договорот од Преспа.
Тој уште еднаш повтори дека лично е против Договорот поради неговата македонска националност и јазик, а не поради неговото име.
„Овој договор мора да го почитуваат нашите соседи, бидејќи ги сакаме блиску до Европа, не сакаме да се бориме“, рече Мицотакис.