Мицотакис и Ал-Сиси телефонски разговарале за ситуацијата во Израел и Појасот Газа

 Последните случувања по терористичките напади на Хамас врз Израел и ситуацијата во Појасот Газа, биле во фокусот на синоќешниот телефонски разговор на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис со претседателот на Египет Абдел Фатах Ал- Сиси, соопштија од кабинетот на Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер ја истакнал потребата да се спречи хуманитарна криза.

-Двајцата лидери се согласија дека е важно хуманитарната помош да стигне во Газа, а изразија загриженост за можноста кризата да ескалира и да се прошири во целиот регион, соопштија од кабинетот на грчкиот премиер.