Мишел Обама одби да излезе во јавност со Барак по вторпат: Сите се прашуваат дали на романсата меѓу брачната двојка ѝ дојде крајот (фото)

Шпекулациите за разделба се појавија откако сопругата на поранешниот американски претседател не се појавила на погребот на Џими Картер, пишуваат странските медиуми.

Странските медиуми со денови пишуваат за наводниот развод на поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел.

Имено, шпекулациите ги подгреа тоа што Мишел не присуствуваше на државната церемонија за погребот на поранешниот американски лидер Џими Картер на 9 јануари 2025 година, но и најавата дека нема да присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на 20 јануари 2025 година. Нејзиното отсуство поттикна шпекулации за можни брачни проблеми, пишува Daily Mail.

xxx01 АП Мајк Стјуарт.jpg

Иако претставниците на Обама потврдија дека тој ќе присуствува на инаугурацијата, 
тие не дадоа објаснување за отсуството на Мишел. Оваа ситуација доведе до дискусии на социјалните мрежи, но и до наслови во таблоидите.

– Дали Обама се разведуваат?

– Каде е Мишел? Проблеми во рајот? – се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Важно е да се напомене дека ова не е првпат да се појавуваат гласини за брачните проблеми на Обама.

Низ годините, медиумите повремено пишуваа за наводни несогласувања и проблеми, но парот секогаш остана заедно, честопати јавно зборувајќи за предизвиците и компромисите во нивниот брак. Мишел во неколку наврати спомна дека поминале низ тешки периоди, но заедно ги надминале.

profimedia-0357117272.jpg

Ниту Барак ниту Мишел Обама не се изјаснија за озборувањата.