Мишел предлага клаузула за спречување на блокади од членки за прием во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел попладнево од Бледскиот стратешки форум порача дека до 2030 година Европската Унија мора да биде подготвена за ново проширување.

Ова, според Мишел, треба да биде еден од главните предизвици на Унијата. Следното проширување, вели тој, треба да се предвиди во новиот буџет на Европската комисија.Мишел предлага да се воведе т.н. „клаузула за доверба“ за земји што влегле да не блокираат земји кои сакаат да влезат.Земјите аспиранти, според Мишел, треба да го почитуваат владеењето на правото, да се борат против корупцијата и криминалот и да ги спроведат реформите.На панелот учествуваат премиерите од Западен Балкан (Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Косово), како и премиерите на Хрватска и Бугарија.