„Ми го зеде синот од урнатините на дискотеката и го носеше на грб низ оган и чад, сè до болницата“ – Јован спаси 21 дете од пожар: Мајка на повредено дете откри нови детали (фото)

Јадранка Бреслиева мајка на младиот човек кој беше спасен од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, преку социјалните мрежи му изрази огромна почит и благодарност на младиот Јован Костадинов од Виница, кој спаси дури 21 дете.

IMG-20250320-WA0063.jpg

– Со голема благодарност и емоции сакам да го споделам херојскиот чин на Виничанецот Јован Костадинов, кој не само што ги спаси животите на 21 дете во трагичната несреќа во ноќен клуб во Кочани, туку го спаси и мојот син. Во најмрачните моменти на паника и хаос, кога сите беа збунети и исплашени, Јован се појави како светилник на надежта. Без размислување го зеде син ми, кој беше под урнатините на дискотеката, и го носеше на грб низ оган и чад, сè до болницата во Кочани, со цел да го спаси, додека сите околу него трчаа и се бореа за живот – напиша мајка му Јадранка на Фејсбук, додавајќи дека Јован е вистински херој – млад човек со огромно срце што си ги спасувало своите животи.

– Јован, ти должам ново утре, нова насмевка, нова надеж и нов живот за мојот син. Нема зборови кои можат да ја изразат мојата благодарност и почит кон вас. Благодарност од дното на моето срце. Ти ми го даде најголемиот подарок што една мајка може да го добие – го спаси животот на моето дете. Засекогаш ќе останеш во моите молитви и во нашите срца.

Да потсетиме, вчера во Кочани беа погребани загинатите во страотен пожар.

Река народ присуствуваше 
на погребот,  липање одекна низ Македонија, а целиот регион со денови е во немир поради невидената трагедија. На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од жртвите, а познаниците, семејството и пријателите се збогуваат…