По породувањето, Руби Венегас не била задоволна од својот изглед. 24-годишната девојка не можела да се врати на старите патеки и морала внимателно да избере која активност да ја избере поради дијастаза recti, состојба која понекогаш се јавува кај жените по породувањето. Имено, при прекумерно истегнување на абдоменот може да дојде до истегнување на рамните мускули на страна, како и слабеење и истенчување на сврзната мембрана која се наоѓа меѓу нив.
Ова е причината зошто некои жени не можат да се ослободат од стомакот со години по породувањето, па дури и неуморниот тренинг може да не ги даде посакуваните резултати. Во тоа била убедена и Венегас, бидејќи прво отишла во теретана. Сепак, таа постигна вистински резултати дури откако се сврте кон пилатес, тренинг кој ги зајакнува мускулите и ја подобрува флексибилноста.
Како што таа тврди, кревањето тегови и одењето по 10.000 чекори дневно и’ помогнало да падне од 94 на 76 килограми. Но, со пилатес тренингот кој го одработи сама дома, ослабе дополнителни 17 килограми и стигна до посакуваните 59 килограми.
„Изгледам подобро отколку пред да останам бремена“, изјави таа за Newsweek.
Во февруари, Венегас сподели видео на TikTok во кое ја покажа шестмесечната трансформација што му ја должи на пилатес.
,,Oткако се породив, бев тажна поради мојот висечки стомак. Кога го открив пилатес, мојот живот се промени. Оттогаш не сум стапналa во теретана”, тврди таа.
Пилатес беше клучен за преобликување на нејзиното тело, подобрување на нејзиното здравје и постигнување на послабо и затегнато тело.
„Пилатес помогна да се врати сè на своето место. Се чувствувам подобро од било кога. Здрава сум и имам затегнато тело. Како мајка имам многу енергија, а вежбите што ги правам се вклопуваат во времето кога бебето спие“, заклучи таа.
Пилатес бил измислен од Џозеф Пилатес пред повеќе од 100 години. Тоа вклучува мали, контролирани движења, од кои многу се изведуваат додека лежите. Акцентот е на дишењето. Одличен е за оние кои се во форма, но и доволно нежен за да биде безбеден за бремени жени или луѓе со болки во грбот.