МЛАДА МАНЕКЕНКА НЕНАДЕЈНО ПАДНА ВО КОМА: Отишла на операција на лице во клиника за милионери, но наеднаш сè тргна наопаку (ФОТО)
Руска манекенка и инфлуенсерка се бори за живот откако завршила во кома по операција на носот.
Влада Антропова (25) била итно пренесена на интензивна нега по операција во ексклузивен медицински центар во близина на Москва. Според тамошните медиуми, манекенката сакала да ја отстрани „испакнатоста на носот“ во таканаречената клиника за милионери.
Операцијата наводно чинела околу 2.000 евра.
– Најголем предизвик за време на операцијата на ринопластика е менувањето на мостот на носот кога се сече коскеното ткиво. Може да дојде до крварење или дури и оштетување на основата на черепот, што може да доведе до смрт – вели хирургот Игор Короткој.
Вознемирената мајка на манекенката вели дека е загрижена.
– Се уште не сакам да кажам ништо. Чекам ќерка ми да се освести – вели мајката.
Локалните медиуми јавуваат дека манекенката сега е на респиратор во болницата Бурденко во Москва, каде што била однесена откако набрзо по операцијата паднала во несвест.
– На почетокот се чинеше дека операцијата е успешна, но потоа нејзината состојба нагло се влоши. Таа изгубила свест и паднала во кома. Лекарите се оптимисти, но таа засега е се уште во кома и на респиратор – вели нејзиниот брат.
Антропова е по потекло од индустрискиот град Брјанска. Студирала лингвистика на Московскиот државен универзитет. Заработила доволно пари од Инстаграм за да патува низ светот.