Млада мајка се пожалила на болки, итната помош не сакала да ја земе, а потоа нејзината 2-годишна ќерка ја нашла мртва
Млада мајка била пронајдена мртва, а детето во тоа време било над неа. Лорен Пејџ Смит (29 г.) од Вулверхемптон, Англија, претходно се жалела на болки во градите, но Итната помош не ја однела во болница.
Докторката од судска медицина, Џоан Лирс, изјавила дека дошло до голем неуспех на болничарите на местото на настанот и дека не и била пружена основна медицинска нега, пишува The Sun.
Лорен Пејџ Смит се јавила на 911 на 6. јануари, а подоцна пристигнал медицински тим за да ја проценат нејзината состојба. Само неколку часа по заминувањето на докторите, мајката Ема Карингтон ја нашла Лорен Пејџ Смит на подот.
Таа го видела стапалото на нејзината ќерка на подот во бањата, додека нејзината внука, тогаш две години, била над нејзе.
„Ми кажа: ‘Бабо, мама спие. Мама нема да се разбуди’. Ја зедов мојата внука, ја превртев ќерка ми и се обидов да и дадам прв помош. Но, не можев да ја спасам. Веќе ја немаше…“, изјавила бабата на девојчето.
За време на истрагата, болничарите кажале дека ЕКГ-то на Лорен Пејџ Смит е нормално.
Читањето покажало абнормален наод за жена на возраст меѓу 18 и 39 години, што укажува дека имала срцев удар.
Аутопсијата открила дека Лорен Пејџ Смит починала од ненадеен срцев удар по згрутчување на крвта во нејзините бели дробови.
„Лута сум. Моето срце е скршено. Животот никогаш повеќе нема да биде ист“, рекла мајката на починатата и додала дека Лорен Пејџ Смит била сакана ќерка и посветена мајка, пренесува The Sun.
Мајката кажала дека постои јасен знак дека доживеала срцев удар, и покрај тоа што болничарите и кажале дека нема ништо за што да се грижи. Нивната изјава влијаела на одлуката на Лорен Пејџ Смит да не оди во болница. Но, судскиот доктор истакнува дека не знае дали Лорен Пејџ Смит би преживеала и дека наодите од ЕКГ биле правилно прочитани.
Портпаролот на службата за Итна помош, Вест Мидлендс, изјавил дека тие се извиниле и изразиле искрено сочувство до семејството на жената која починала.
„Покрената е опсежна истрага за овој инцидент. Ќе продолжиме да правиме се што можеме за да спречиме вакво нешто да се повтори“, изјавил тој.