Млада мајка (38) имала сексуален однос со двајца тинејџери (15): Се скарала со сопругот, па отишла во собата на момчињата
Алисон Лит Шардин (38) од Минесота, беше уапсена поради секс со двајца 15-годишници во исто време во хотел минатиот месец.
Жената и нејзиното семејство биле во хотел во Роузвил каде биле сместени и момчињата, членови на хокеарскиот тим од Колорадо кои биле на турнирот.
Шардин ноќта на 14 јануари почнала да разговара со тинејџерите додека биле во топла када во хотелот и им кажала дека таа и нејзиниот сопруг имаат брачни проблеми, пренесува NY Post.
Откако момчињата се вратиле во своите соби, таа на еден од нив му испратила порака на Снепчет велејќи дека штотуку се скарала со сопругот и сакала да појде кај ниб.
Според извештаите, кога се нашле во собата на момчето, мајката на двете деца ги прашала тинејџерите колку години имаат и им рекла дека се доволно млади за да бидат „нејзини деца“.
Почнала да зборува за „секс“, прашувајќи ги колку се сексуално активни, а потоа легнала во кревет со двете момчиња.
По краткиот разговор, тројцата имале сексуален однос, по што побарала да го завршат сексуалниот чин врз неа.
Момчињата подоцна рекле дека чувствувале голем притисок и ја молеле да ја напушти собата.
Таа подоцна се појавила на нивниот хокеј натпревар и им напишала кога се вратиле во Колорадо.
Алисон беше уапсена во четвртокот и ќе биде изведена пред судија.
Жената признала дека имала сексуален контакт со момчињата. Таа, исто така, призна дека им побарала кондом, но „тврдеше дека нема да им треба“, се вели во жалбата.
Таа треба да се појави на суд нарефниот понеделник