Млад фудбалер (21) загинал во Хрватска

Младиот фудбалер Карло Цвитковиќ (21) загина во сообраќајна несреќа што се случи во Загреб. Оваа вест ги шокираше сите во Хрватска.

Според медиумите, во него удрил автомобил додека ја поминувал улицата на црвено светло за пешаци. Патничкото возило кое учествувало во немилиот настан било управувано од 20-годишен маж.