ММФ: Монетарната политика ќе биде цврста до 2025 година

Монетарната политика сепак ќе треба да биде цврста, бидејќи инфлацијата е поупорна од очекуваното, рече Пјер-Оливие Гуриншас, главен економист во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Во интервју за шпанскиот весник „Паис“ тој изјави дека моменталната инфлација во Европската унија и во еврозоната е помала поради падот на цените на енергијата и храната, но дека базичната инфлација не се намалува.

Економистите од ММФ наскоро ќе извлечат заклучоци од ваквиот развој на ситуацијата, но Гуринчас додава дека досегашното заострување на монетарната политика не донесе соодветни резултати и дека можеби на ова ниво треба да остане подолго, барем до 2025 година.

Според него, пораката од состанокот на економистите во Синтра е дека високите каматни стапки ќе останат уште некое време и нема наскоро да се намалат.

Главниот економист на ММФ во исто време истакна дека сценариото за рецесија во Соединетите Американски Држави не е веројатно.

„Американската економија покажува издржливост: невработеноста е на историски ниско ниво што не сме го виделе со децении, има доволно слободни работни места, а економијата сè уште расте, можеби посилна од очекуваното“, рече тој.

На прашањето дали е можно да се победи инфлацијата без да се предизвика економска рецесија, Гуринчас посочи дека ќе биде „многу тешко“.

„Европските економии веќе забавуваат, а американската економија можеби ќе треба уште повеќе да забави. Можно е, но мислам дека ќе биде тешко – потешко за еврозоната отколку за САД“, заклучи Гуринчас.

ТРТ БАЛКАН