МНОГУМИНА ЈА ЗАНЕМАРУВААТ – Доколку чуствувате болка во овој дел од главата тоа е знак за тешка болест
Високиот холестерол е сериозен здравствен проблем кој најчесто се јавува поради внесување на премногу масна храна и недостаток на физичка активност. Обично нема симптоми, што го прави уште поопасен.
Сепак, британските експерти предупредуваат дека сепак може да има еден знак кој сигнализира за овој проблем.
„Претежно нема типични знаци на висок холестерол, поради што е важно да се провери. Тоа е скриен фактор на ризик, што значи дека ние обично дознаваме за него дури кога веќе ќе напредне“, пишува британската асоциација за срце.
Бидејќи високиот холестерол не предизвикува симптоми, единствениот начин сигурно да се одреди нивото е со тест на крвта.
Сепак, експертите велат дека необична или „тивка“ болка во задниот дел на главата може да биде предупредувачки сигнал.
„Блокадата на крвните садови во таа област околу главата може да предизвика главоболка во задниот дел на главата. Ова се случува кога крвните садови се блокираат поради таложење на холестерол. Ако тоа не се третира, крвните садови може да пукнат и може да дојде до мозочен удар” предупредуваат експертите.
Кај некои луѓе, зголемениот холестерол се јавува поради фактори кои се надвор од нивна контрола – на пример, бубрежно заболување, недоволно активна тироидна жлезда и слично – но во повеќето случаи тоа се должи на навиките на животниот стил.
На пример, консумирање премногу заситени масти, недостаток на физичка активност, пушење, консумирање алкохол се некои од факторите на ризик за висок холестерол.