,,Многу ми се допаѓа…сè што сакав” – Јелена Карлеуша проговори за згодниот спортист Никола Јовановиќ со кој сите ја поврзуваат! (фото)
Регионалната музичка ѕвезда Јелена Карлеуша во интервју за тамошните медиуми зборуваше за бројни теми, од децата и односот со поранешниот сопруг Душко Тошиќ, деловните успеси и предизвици, но и за младиот спортист со кој ја поврзуваа пред месеци.
На прашањето дали е повторно заљубена и дали е задоволна како жена, таа одговори:
– Штом ќе размислам, не се толку чисти работите. Се обидувам да ги затворам очите и да кажам што чувствувам, дали чувствувам задоволство? Не, не чувствувам задоволство. Како мајка сум задоволна, но не успеав во смисла да ги заштитам децата од сето тоа, не го направив добро тој сегмент, но давам сè од себе. И како жена, одамна престанав да се гледам како жена со некои емоции, па сега сакам да бидам сакана, разгалена, негувана. Сè што сакав, купив за себе, никогаш не чекав или молев некој да ми даде нешто… Мажот не ми беше мотив за никакво лично исполнување и среќа, некои други работи ме правеа повеќе среќна од тие машко-женски односи. Изгледа дека секогаш сум сама, а во бракот бев сама – истакна Јелена и додаде:
– Ме поврзаа со многу фино момче, Никола, многу ми се допаѓа, фино момче – призна Карлеуша.
На прашањето дали има некакви индикации дека еден ден би можела да каже дека Никола Јовановиќ е нејзиниот емотивен партнер, Карли рече:
– Кога ќе дојде време и кога навистина ќе се случи, кога некој ќе седне до мене на вистински начин. Во секоја смисла седна до мене, не само физички! Луѓето се плашат од медиумски притисок, се плашат од мене… Не би го изложила на вакво прашање и одговор сега, бидејќи сè уште не е време, ниту пак заслужува да биде изложен токму сега – призна Карлеуша.