Пронајден е маж од Хјустон, кој исчезнал како тинејџер пред повеќе од осум години, објави Тексас Центарот за исчезнати лица. Рудолф „Руди“ Фариас IV е исчезнат од 6 март 2015 година, според флаер за исчезнати лица.
Некој се јавил на 911 откако го нашол надвор од црквата, со исеченици и модринки, изјавила мајката на Фариас за филијалата на CNN, KTRK. Таа смета дека бил жестоко малтретиран и претепан.
Фариас, кој имал 17 години во моментот на неговото исчезнување, ги шетал своите две кучиња во северозападниот дел на Хјустон кога исчезнал, објави огранокот на CNN KHOU.
Очекува да има долг пат до закрепнување, изјавила неговата мајка за КТРК. Досега не е јасно каде бил младиот човек.