Многу работа за македонската полиција: Апсењата не престануваат поради криумчарење мигранти

Полицијата на Северна Македонија денеска соопшти дека во два одвоени случаи спречила криумчарење на вкупно 12 мигранти и уапсила двајца шверцери – еден државјанин на Турција и еден од Косово.

Како што се наведува во соопштението, утринава во 05:40 часот на автопатот Демир Капија – Скопје, во близина на клучка Неготино, полициски службеници од Граничната полициска станица „Михајлово“ го лишиле М.Ч. (36) од Република Турција.

При преглед на патничко возило „пежо 5008“ со скопски регистарски таблички кое го управувал, пронајдени се осум мигранти од Сирија, од кои шест малолетни”, се прецизира.

Во друг случај, синоќа во 20.00 часот на место викано „Караорман“ во Гевгелија, полициски службеници на Полициската станица за граничен надзор и гранична проверка „Богородица“ го лишиле од слобода А.А.(27) од Косово.

Во возилото „ауди А3“ со косовски ознаки кое го управувал биле пронајдени четворица мигранти – еден од Сирија и тројца од Египет.

Шверцерите се приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите се сместени во Приватниот и транзитен центар во Гевгелија.