МНОГУ УСПЕШНИ ЛУЃЕ ГО ЗАПОЧНУВААТ ДЕНОТ ВАКА – Експертите откриваат зошто оваа навика е многу добра: “Само пробајте!“
Стресот денес е неизбежен. Тоа подразбира реакција на човечкиот организам на опасност. Некои од физичките симптоми на стрес се варење, запек или дијареа, несоница, вртоглавица или чувство на нестабилност, болка во градите, намален имунитет, хормонални пореметувања, зголемен притисок…
Најчестите симптоми на чести стресови кои често знаат да останат незабележани, а на кои треба да внимавате се проблеми со концентрација и меморија, депресија и чувство на изолација, честа нервоза, анксиозност, постојана состојба на грижа, склоност кон негативно размислување…
Дали постојат промени што можеме самите да ги направиме што ќе донесат олеснување ? Да, тоа е метод кој успешните луѓе го применуваат секое утро. Ова го потврди терапевтот Тифани М. Стивенс.
„Верувам дека е навистина корисно да го започнете денот со афирмација. Тоа е нешто што можете да го правите додека ги четкате забите, додека сте под туш или додека подготвувате појадок. Само треба да бидете свесни за што мислиш“, вели Тифани М. Стивенс.
Ако не знаете од каде да започнете, Тифани М. Стивенс ги нуди овие пет афирмации како одлична почетна точка:
- „Ги контролирам моите мисли и чувства“.
- „Одбирам да го започнам денот мирно и позитивно“.
- „Верувам во мојата способност да се справам со предизвиците што ми се појавуваат денес“.
- „Го испуштам минатото и го прифаќам сегашниот момент со отворено срце“.
- „Јас сум достоен за грижа за себе и самољубие. Мојот приоритет е да бидам добро“.
„Ако откриете дека негативните мисли ви предизвикуваат стрес, спротивставете им се со позитивни афирмации. Имате можност да застанете и да создадете нова мисла, онаа која ќе ве одведе во насоката во која сакате да одите. Ова ќе го елиминира и ќе ви помогне да ја намалите стрес“, објасни таа.
Опра Винфри изјави за CNN во 2018 година дека секое утро го започнува со афирмации.