МНР: СИНОТ НА МИЦКОСКИ НЕ БИЛ ДЕЛ ОД ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА САМИТОТ НА НАТО

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија излезе со појаснување во врска со составот на делегацијата што ја претставуваше земјава на Самитот на НАТО во Вашингтон, соопшти дека Јован Мицкоски, синот на премиерот Христијан Мицкоски, не е дел од неа.

Појаснувањето од Министерството доаѓа откако опозициската СДСМ денеска побара одговор од премиерот, чии трошоци неговиот син го придружувал во САД. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги отфрла тврдењата на СДСМ.

„Делегацијата на Самитот на НАТО беше прецизно дефинирана од Алијансата и броеше вкупно 21 членка, согласно протоколите на НАТО. Воедно, нагласуваме дека Јован Мицкоски, синот на шефот на Владата, Христијан Мицкоски, не беше еден од членовите на делегацијата, иако претседателот Мицкоски имаше покана да биде придружуван од член на семејството“, велат од соопштение испратено од Министерството.

Оттаму информираат дека од буџетот на Македонија не се издвоени средства за патувањето на Јован Мицкоски и додаваат дека остануваат отворени за јавноста за дополнителни информации.