Модел на OnlyFans ги прозва родителите на Кејт Мидлтон: „Вие сте причината зошто го правам ова“ 

Нема мир во англиската провинција, во селото на Керол и Мајкл Мидлтон, родители на принцезата од Велс и идната британска кралица-сопруга Кејт.

Тие по втор пат за еден месец се мета на непријатна кампања, напад со плакати кои ги повикуваат на пропаст на компанијата Pary Pieces и ја загрозуваат егзистенцијата на добавувачи, соработници и вработени. Кој е авторот и кој ги поставил плакатите не се знае.

За прв пат на почетокот на октомври, злонамерни пораки на постери се појавија на ѕидовите, оградите и уличните светилки во Баклбери и соседните села. Инаку, нивниот син Џејмс и ќерката Пипа живеат во близина со своите семејства, а Кејт често ги посетува родителите со сопругот, принцот Вилијам и децата.

Party Pieces, компанија која обезбедува се што е потребно за организирање забави, успешно работи веќе подолго време и обезбедува удобен живот за семејствата и врвно образование за нивните деца.

Керол и Мајкл се обидоа да го спасат бизнисот, за чиј пад главно придонесе пандемијата Ковид-19, поради која практично исчезнаа забавите и настаните од кои заработуваа, а потоа следуваше економската криза. Шкотскиот бизнисмен Џејмс Синклер ја купил компанијата за 180.000 фунти, но не можел да ја спаси. Откако прогласи банкрот во јуни, остана со долгови од 2,5 милиони фунти. Многумина веруваат дека 68-годишната Керол и 74-годишниот Мајкл треба сето тоа да го платат од свој џеб.

Тие направија се што беше во нивна моќ и навистина не заслужуваат такви злоупотреби“, изјавија локалните жители за медиумите кога се појавија првите плакати.

Оваа недела повторно започна нова кампања за клеветење на Мидлтонови, а овој пат тоа се постери на кои извесна Моли Браш тврди дека родителите на Кејт се причината таа да стане модел за OnlyFans. Нејзините зборови можат да се толкуваат на различни начини, но во основа, Моли сака да каже дека била принудена на порнографија откако компанијата за која работела пропаднала.

Не толку професионално изработени плакати се поставени на различни локации низ Баклбери, вклучително и еден на знакот за фармата „Пајп Мидлтон“.