Модниот неуспех на Џеф Безос на свадбата со Лорен Санчез: На прв поглед, сè беше беспрекорно, но еден детаљ… (ФОТО)
Иако настанот беше визуелно импресивен, а Безос се одлучи за гламур, њујоршката модна стилистка Лиз Тич сугерираше дека направил моден пропуст избирајќи однапред врзана вратоврска-мајчка.
Џеф Безос можеби изгледал елегантно во смокингот на денот на неговата свадба, но според еден моден експерт, основачот на „Амазон“ сепак направил моден пропуст за време на раскошната прослава во Венеција.
61-годишниот милијардер беше снимен во петокот попладне како се смее, во црн смокинг, качувајќи се во водно такси пред хотелот пред неговата свадба на островот Сан Џорџо Маџоре, каде што се ожени со Лорен Санчез.

Модната грешка на Безос
Иако настанот беше визуелно импресивен, а Безос се одлучи за гламур, њујоршката модна стилистка Лиз Тич сугерираше дека направил моден пропуст избирајќи однапред врзана вратоврска-мајчка.
„Мојата најголема забелешка за неговиот изглед е што посакувам да не беше избрал претходно врзана вратоврска-машна. Изгледа многу поелегантно кога ја врзувате сами“, изјави таа за Дејли Меил.
„Тој носи погрешен елек“
Лиз не беше единствената што ги критикуваше модните избори на Безос. Модниот новинар Дерек Гај се вклучи во „Платформа X“ и посочи дека Безос требало да избере друг елек.
„Се чини дека Џеф Безос носи погрешен елек за својата свадба“, напиша тој, а потоа објасни: „Ова е вечерно одело, или смокинг, и затоа бара формален елек кој е пониско исечен на телото. Тој носи деловен елек, кој е наменет за деловни костуми. Треба да носи различен елек.“

Познати личности на свадбата на годината
Да потсетиме, меѓу многуте познати гости беа Гејл Кинг, Опра Винфри, Иванка Трамп, Орландо Блум, Ашер, Леонардо Дикаприо, Ким Кардашијан, Клое Кардашијан, Крис Џенер, Кендал Џенер и Кајли Џенер.
Според извештаите, гостите по пристигнувањето биле пречекани од звуци на труби, виолини и црковен хор. Лорен Санчез изгледала беспрекорно во фустан од „Долче и Габана“ изработен по мерка, за кој открила дека е инспириран од нејзиното патување во вселената.